Европската комисија не ги менува правилата за престој во Шенген зоната
Евопската комисија не попушта. На денешната пресконференција портпаролот на оваа европска институција Маркус Ламерт потенцираше дека Шенгенските правила нема да се променат. И покрај преговорите кои ги имаат владите на државите кои не се дел од Европската унија со официјалне Брисел – работите засега не стојат добро за камионџиите и превозниците од земјава и регионот.
Маркус Ламерт, портпарол на Европската комисија, на редовната прес-конференција.
„Свесни сме дека за одреден број експерти од трети земји кои не се прекугранични работници, потребно е да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова важи за професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи“, изјави
За власта Брисел не одговорил негативно, според министерот за транспорт Александар Николовски решението на овој проблем е многу блиску и додава дека македонските превфозници се доволно умни и заеднички ќе го решат ова прашање.
Александар Николовски министер за транспорт и врски: „Мислам дека решението на ова прашање е во две насоки. Прво, Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека, един ственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме, и тоа е единственото можно решение. “
Со овој проблем превозниците се соочуваат веќе неколку месеци. Пред неколку дена имаа и предупредувачки протест пред седиштето на Европската унија, од каде порачаа дека доколку не се најде решение за нивниот престој во земјите од Шенген-зоната, подготвени сме да одат до крај и да ги блокираат граничните премини на 14ти септември. Идентични протести пред зградите на делегациите на Европската Унија се оддржаа и во Сараево, Белград и Подгорица.

