Европат - Тирана со документ за забрзан пристап во ЕУ, Скопје во лер за уставните измени

ЕУ го раздели политичкиот пакет Скопје - Тирана и го отвори првото преговарачко поглавје со Албанија. Еди Рама изјави дека слави за Тирана, но жали за Скопје - и порача на Бугарија дека стои зад секој негов искажан збор за неправдите кон Македонија. И додека Тирана со документ до Брисел побара забрзано пристапување во ЕУ - Скопје во лер, уставните измени ќе почекаат. Двете земји со многу оптимизам го стартуваа првиот чекор од европскиот пат, но две години подоцна Макеоднија остана со празна лажичка од колачот кој се пресече во Брисел.

Гости во новото издание на ЕВРОПАТ: Одета Барабалуши, екс политички советник на премиерот на Албанија; Димитар Николовски директор на Евротинк; Симонида Кацарска директорка на Институт за европска политика.