ЕВРОПАТ со амбасадорот Ола Сулстром : Шведска не поддржува вета и ќе биде со Македонија во преговорите со ЕУ

Во момент кога ЕУ зборува за единство, а одлучува со вето, се поставува прашањето - дали проширувањето е визија или само амбиција без конкретен резултат? А во таа рамка на правила и геополитика која постојано го менува темпото на играта – Македонија во офанзива за политички гаранции и јасен европски пат.

Може ли Шведска да го придвижи тркалото кон деблокада на европската иднина, да го претвори застојот во движење, а закочениот процес во јасна европска насока за земјата?

Во новото издание на Европат, разговараме со шведскиот амбасадор во земјава, Ола Сулстром.