ЕВРОПАТ - Национална дебата за државна надворешна политика

Телевизија 24, во соработка со Институтот за Европска политика - ЕПИ и Универзитетот Стенфорд од САД, ја емитува националната дебата за државните позиции во меѓународните односи.

150 граѓани, репрезентативно избрани, подготвија и ги поставија прашањата на панелистите, за надворешната политика на Македонија и усогласеноста со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

Учесници на дебатата се:

 - Дрита Абдиу Халили, поранешен државен секретар во СЕП ;

 - Малинка Ристевска Јорданова, основач на ЕПИ и експерт за евроинтеграции ;

-  Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија – Социетас Цивилис ;

- Ивица Боцевски, поранешен амбасадор ;

Дебатата ја модерираше Лепа Џундева