Европат - Интервју со Крстиновска: „Проширување без еднаквост: Дали ЕУ создава членки од втор ред?“
Дали ЕУ навистина знае како да ги внесе кадидатите во својата куќа или само подобро го уредува ходникот пред влезната врата ? Во серија нови нон - пејпери и француско германски предлози се навестува нов модел на проширување – поблиска интеграција, но без јасен момент на членство.
А во новите услови и додека Скопје и Софија зборуваат на различен политички јазик - дали за Македонија ќе има излез од блокадата или останува заглавена во чекалната што постојано се поместува? Во новото издание на ЕВРОПАТ разговараме со Ана Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА.

