ЕВРОПАТ интервју со Андреја Стојковски: Мерц ја менува играта во ЕУ

По долга фаза на неформални концепти и тестирање идеи без политичка тежина, на масата на ЕУ е ставен официјален предлог.

Германскиот канцелар Мерц фрла нова рамка во игра и ја поместува европската политичка сцена. Од „асоцијативно членство“ за Украина до привилегиран набљудувач и забрзана постепена интеграција за Западен Балкан. Дали ЕУ има желба и капацитет за пресврт и кој ќе ја плати цената ако предлогот стане реалност?

И додека Берлин го забрзува европскиот часовник, има ли Македонија време за чекање или останува во политички лер додека другите се движат?

Во новото издание на ЕВРОПАТ, разговараме со Андреја Стојковски, директор на Преспа Институт.