Европат - Европат: Фон дер Лајен го претстави новиот тим на еврокомесари
Урсула фон дер Лајен ја состави новата Европска Комисија. По повеќенеделни политички превирања, објавени се имињата на 27 те комесари, кои ќе раководат со различни ресори во следните 5 години. Колку од нив ќе го поминат филтерот на Европскиот Парламент ? Која е Марта Кос и што ќе донесе за проширувањето? И дали новите еврокомесари Захариева и Цицикостас ќе станат сојузници, или пак ќе бидат старо-нови кочничари на македонскиот пат кон ЕУ ? Во новото издание на ЕВРОПАТ. Гости
- Флорент Марсиак, директор на Балканската опсерваторија на Фондацијата „Жан Жорес“ , истражувач во Ifri - Institut français des relations internationales и експерт во Австро-францускиот центар за зближување во Европа (ÖFZ) со седиште во Виена.
- Симонида Кацарска директорка на Институт за европска политика – Скопје ( ЕПИ)