ЕВРОПАТ: Брисел ги менува правилата - Македонија во игра или на спореден колосек?

Европската комисија ги менува правилата – помалку простор за блокади, постепена интеграција и нови механизми со кои Брисел сака да ја заштити Унијата и по проширувањето. 

Дали се отвора патот кон поефикасна и поширока ЕУ, или се раѓа нова поделба  меѓу оние што побрзо се приближуваат до членство и оние што остануваат на периферијата? Ќе добие ли новиот предлог на Комисијата зелено светло од Европскиот совет овој октомври?

И што би значело квалификуваното мнозинство за Македонија – шанса, гаранција или промена со ограничен ефект?

Во новото издание на Европат, разговараме со:

- Симонида Кацарска директорка на Институт за европска политика (ЕПИ);

- Флорен Марсиак, Француски институт за меѓународни односи (  Ifri - Institut français des relations internationales )