ЕвропаТ

Додека новите светски трендови ја менуваат глобалната политичка сцена, ЕУ е во офанзива на реновирање дома.

Се кршат старите европски ѕидови и се отвораат нови врати. Но кој помага, а кој одмага?

Зошто земјите членки не гледаат подалеку од сопствената черга и колку се злоупотребува моќта на ветото?

Во куќата на „старата дама” се гради ново единство, но Западен Балкан е повторно оставен во дворот. А на Балканот ништо ново. Меѓусоседски проблеми и европски аспирации.

Зошто Грција стои настрана од спорот Скопје - Софија? Дали Западен Балкан ќе зачекори напред пред да се реши српско-косовскиот спор и каде е местото на Македонија?