Европа стравува и предупредува, Македонија комотна по најавите за недостаток на горива
По се почестите најави дека е можен недостаток на дизал гориво и керозин во Европа во периодот што следи, македонските власти со преголем оптимизам велат дека засега нема место за паника.
Состојбата ја следат, а државните резерви се полни. Дополнително, премиерот Христијан Мицкоски е на став дека, доколку се случи таков предизвик, владата ќе се излезе со нова стратегија.
Христијан Мицкоски премиер
„Состојбата со нафтата и нафтените деривати (дизел горивата, безоловните бензини, керозинот) е во исклучително добра состојба. Како држава, во овој момент не гледаме какви било предизвици во ланецот на снабдување. Во постојана координација сме со снабдувачите. Од тој аспект не гледаме опасност ниту за граѓаните ниту за бизнисите. Има доволно количини во државните резерви, но и во цевководот што го поврзува Солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој е функционален и оперативен.“
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати се одвива непречено. До овој момент ниту еден од
трговците со нафта и нафтени деривати ја нема алармирано регулаторна дека се соочуваат со потешкотии. Но, согласно Законот за енергетика трговецот на големо со горива е должен во секое време да има оперативни резерви од нафтени деривати и горива за транспорт.
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА
„ Во случај на потешкотии во снабдувањето и/или одредени технички проблеми, Владата на предлог на Министерството за енергетика, со одлука може да му дозволи на трговецот користење на оперативните резерви. Ако кај трговецот на големо настанат потешкотии во набавката и/или одредени технички проблеми, трговецот на големо може да ги користи оперативните резерви, со поднесување на образложено известување до Министерството и РКЕ притоа наведувајќи ги количините кои ќе ги користи и времето кога ќе бидат вратени во пропишаните количини согласно правилникот, не подолго од 20 дена по истекот на времето кога оперативните резерви би биле користени.“
Последно, од високо развиените држави Австрија изрази загриженост од каде напоменија дека во мај е можен недостаток на дизел и керозин во цела Европа.
Волфганг Хатмансдорфер министер за енергетика на Австрија
„Поради конфликтот во Иран, ќе има недостиг на гориво во мај, но ќе го обезбедиме снабдувањето доколку е потребно, со државни резерви. Прекините во испораките во последните недели ќе стигнат и до Европа со временско задоцнување. На Европа ќе ѝ недостасуваат пет проценти дизел и 15 проценти керозин поради намалените испораки.“
Што се однесува до керозинот, во текот на вчерашниот ден шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека Европа има само околу шест недели гориво за авијацијата. Според официјалните податоци агенцијата, дури и акосе обезбедат половина од количините што вообичаено се увезуваат од Блискиот Исток, зависноста на Европа од тој регион е исклучително голема. Речиси 375.000 барели дневно, или 75 проценти од нето увозот на гориво за авиони, доаѓа од Блискиот Исток.

