Европа предупредува на можна ескалација на конфликтот

Три европски земји најавија вклучување во војната против иран. париз, берлин и лондон подготвени да одговорат на нападите на техеран и да ги зашттитат заливските држави.

Во заедничко соопштение, иранските напади ги нарекоа неселективни и непропорционални  и порачаа дека ќе ги заштитат своите национални интереси како и интересите на сојузниците во регионот... 

Американскиот претседател Доналд Трамп пак вели дека е разочаран од односот на британскиот премиер затоа што не им дозволи веднаш на САД да ја користат воздухопловната база Диего Гарсија, за да извршат напади врз Иран...Официјален Лондон првично одби да дозволи да се извршат воздушни напади од своите бази, но Стармер најави дека ќе го прифати барањето тие да се користат во американските „одбранбени напади“ ... 

а откако уште еден дрон падна на кипарска територија, од европската унија велат дека ја поддржува Република Кипар и Обединетото Кралство по нападот со беспилотни летала врз британската воена база во Акроти... 

НО не сите се на страната на САД...Шпанија го оцени американски- израелскиот напдс врз иран како неоправдан и повика  на воздржаност...Според шпанскиот премиер, едро Санчез, светот се наоѓа на крстопат и предупреди на опасен преседан – со оглед на тоа дека двете земји го нападнаа техеран без меѓународна поддршка...