Евролигашки рекорд на Ларкин, со 49 поени за 31 минута
Foto

Евролигашки рекорд на Ларкин, со 49 поени за 31 минута

Американскиот бек Шејн Ларкин на дуелот на неговиот Анадолу Ефес против Баерн Минхен приреди шутерско шоу какво што досега не беше видено во историјата на кошаркарска Евролига.

Ларкин во победата на Ефес од 104:75 придонесе со дури 49 поени, што е за осум повеќе од досегашниот рекорд на Евролигата. Тој за 31 минута на терен, погоди 10 тројки од 12 обиди, а имаше и пет асистенции.

Во другиот денешен евролигашки меч кој заврши, Реал Мадрид во Санкт Петербург славеше против Зенит со 86:71. Вечерва играат уште Олимпијакос – Армани Милано и Барселона – ЦСКА Москва.

0 Коментари

Остави коментари