Еврокомесарот Вархеји во Македонија
Foto

Еврокомесарот Вархеји во Македонија

Ветото само по себе е драма, да работиме на датум за прва меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ. Ваква порака испрати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска во Скопје.

На прашање на телевизија 24 дали се уште стои на ставот од октомври 2020 година дека не треба да се драматизира спорот со Бугарија, но и ставот искажан пред Еворопарламентот дека Македонија треба да одговори на бугарските барања , тој одговори

- Тешко е да не се зборува за драма по вето. Ветото само по себе е драма. Она што правиме сега е да се вратиме во нормалноста што е можно побрзо, а тоа е да се постигне договор меѓу двете земји, што значи закажување на првата меѓувладина конференција меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега работиме на тоа. - изјави Вархеји.

Според Еврокомесарот Вархеји тешко е прашањето дали е реално да се добие датум во јуни. 

Премиерот Заев пред европските гости изјави дека Европеизацијата на Македонија е агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност.

Близу 120 илјади вакцини за Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Доаѓањето на еврокомесарот Вархеји се толкува како политичка порака пред Конференцијата за иднината на ЕУ на 9 ти мај, а тоа е дека регионот Западен Балкан нема да биде заборавен.

0 Коментари

Остави коментари