Евроамбасадорот Рокас во Собранието го презентира Извештајот на ЕК за земјава

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, денеска на собранискиот претседател Африм Гаши му го презентира Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија за 2025 година.

На затворената седница во парламентот, покрај Гаши, присуствуваа и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски и пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ и координаторите на пратеничките групи на ЗНАМ и ВЛЕН, Бобан Карапејовски и Беким Ќоку.

Од прес-службата на парламентот наведоа дека на средбата биле поканети потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи, генсекот на Собранието и на кабинетот на претседателот на Собранието.