ЕВН ЈА КУПИ „ГРАДСКА КУЌА“ ЗА 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА – КАДЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА?
Foto

ЕВН ЈА КУПИ „ГРАДСКА КУЌА“ ЗА 12,7 МИЛИОНИ ЕВРА – КАДЕ ЌЕ СЕ СЕЛИ ГРАДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА?

Администрацијата на ЕВН влегува во Градската куќа. Просториите каде првично требаше да се пресели градската администрација на Шилегов, ЕВН ги купило за 12 7 милиони евра, толку колку што првично побара Градот Скопје. Од ЕВН категорично евелат дека ен пстои догополнителен договор за компезација.

- „Со купувањето на оваа зграда ЕВН решава повеќе прашања. Вработените во централните оддели на компанијата кои досега беа сместени во три одделни згради ќе се сместат на едно место, а со тоа се рационализира нивната работа, комуникации и паркинг. Некои од објектите кои ЕВН досега ги користеше не се нејзина сопственост па за тоа компанијата мораше да плаќа и закуп. Другите објекти кои се во делумна или целосна сопственост на ЕВН ќе бидат понудени на продажба со цел да врати дел од инвестицијата“. - велат од ЕВН Македонија

Од Град Скопје денеска со кусо соопштение се пофалија з апродажбата. На дополнителните прашања на ТВ 24 решија да не одговараат. Градоначалникот Петре Шилегов, и неговиот портпарол остана недостапни за да кажат каде ќе се пресели градската администрација. Но, Шилегов претходно изрази желба да е во центарот на градот.

- „На јавниот повик за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија, и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 12,7 милиони евра. Купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.“ - соопштуваат од Град Скопје.

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје од старт ја оспори идејата з апродажба на Градската Куќа денеска велат дека Шилегов потврди дека однапред се знаел купувачот на градската куќа. Обвинуваат дека градот го почестил ЕВН со бесплатно државно земјиште и платени комуналии кои не се пресметани во цената. Го прашаа градоначалникот дали на местото на бараките во Градски Парк ќе никне нова бетонска џунгла.

- „Петре Шилегов не дозволи увид на јавноста на објектот. Не дозволи увид во документацијата и начинот на продажбата.Освен провизиите отворено прашуваме дали во игра е план за продажба на аткрактивното земјиште на сегашното седиште на градот кое треба да припадне на еден моќник на власта? Дали во срцето на Скопје ќе никне нова бетонска џунгла за заштита на приватните бизнис интереси на власта?“ - велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

Од ЕВН не отфрлаатт можност за соработка со Шилегов, доколку Град Скопје се одлучи да им ги откупи просториите во центарот на градот.

Главните аргументи на Шилегов при продажбата на Градската Куќа беа дека зградата нема капацитет за целата градска администрација како и тоа дека е надвор од центарот на градот.

Дали 12,7 милиони евра ќе бидат доволни Шилегов да ја пресели администрацијата или ќе остане во бараките во градскиот парк засега е неизвесно. Доколку градоначалникот се реши на втората попција ќе мора да каже за што ќе ги потроши парите од проджбата на Градската куќа.

0 Коментари

Остави коментари