Евертон суспендира фудбалер - осомничен е за педофилија
Foto

Евертон суспендира фудбалер - осомничен е за педофилија

Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап - се води истрага за педофилија.

– Потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим во очекување на полициска истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент, се вели во соопштението.

Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца. Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.

„Полицајците уапси 31-годишен маж на 16. јули 2021 година поради сомнеж за педофилија. Во моментов се води истрага за расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Шпекулациите се поврзуваат со двајца фудбалери - Гилфи Сигурдсон или Фабијан Делф, затоа што и двајцата имаат по 31 година во таборот од Ливерпул.

0 Коментари

Остави коментари