Евентуална повреда на избирачко право може да се пријави на тел.0800 54321

о канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.