Евакуација на патниците од крузерот со хантавирус

Шпанија започна со операција за евакуација на патниците од крузерот „МС Хондиус“, кој се наоѓа во близина на Тенерифе на Канарските Острови поради појава на хантавирус. Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија вели дека процесот тече во најдобар ред и оти во моментов кај ниту еден од патниците не се забележани симптоми на болеста.

Министерката додава дека во болницата „Канделарија“ во Тенерифе веќе се наоѓаат тимови од специјалисти за интензивна нега, подготвени за интервенција доколку некој од патниците се разболи за време на трансферот.

Моника Гарсија, министер за здраство на Шпанија

“Ризикот од инфекција за населението е низок. Веруваме дека прекумерната паника, дезинформациите и конфузијата се спротивни на основните принципи за зачувување на јавното здравје“ вели министерката Гарсија.

Евакуацијатасепак  не помина без тензии, бидејќи дел од локалните жители и пристанишните работници протестираа поради страв дека безбедносните мерки не се доволно силни. Ситуацијата дополнително се искомплицира кога претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, првично одби да дозволи влез на бродот. По ова следеше итна интервенција на централната влада во Мадрид за да се овозможи спроведување на планот.

Фернандо Клавихо,  претседателот на Канарските Острови

„Дали животот на граѓаните е безбедн, дали има доволно безбедност за целиот регион? Мора да бидеме сигурни дека безбедноста на граѓаните е загарантирана, не сакаме да станеме жариште кое ќе предизвика посериозни последици„ вели Клавихо.

Со смирувачки тонови се обрати и претседателот на САД Доналд Трам кој вели дека вирусот е под контрола и тимовите на светската здраствена организација работат на целосна локализација на патниците кои патувале со бродот....

Доналд Трамп, претседател на САД

„Хантавирусот е под контрола, знаеме дека виросот пенетрирал подолго време, но иако неговиот трансвер, односно зараза не е лесен мора да бидеме внимателни, но се е под контрола“ вели Трамп....

Инаку, Патниците се префрлаат до брегот во мали групи со помош на чамци, по што се транспортираат до локалниот аеродром. Таму ги чекаат чартер летови подготвени за нивна репатријација во матичните земји. Први бродот го напуштија 14 шпански државјани, а потоа следуваат групите од Холандија, Германија и Грција. Организирани се и летови кон Велика Британија и САД, додека последната група патници за Австралија е планирано да замине в понеделник.