„Еуромакс“ најавува тужби за судски против министри кои изјавуваа дека се против рудниците, од „Здрава котлина“ тврдат дека манипулираат

Покрај арбитражна постапка против државата, и индивидуални лица би можеле да бидат предмет на директна правна постапка доколку се покаже дека новата владина одлука за повлекување на одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица - Штука“ била донесена спротивно на законите или е политички мотивирана.

Ова денеска го најави компанијата Еуромакс рисорсис откако овие информации биле доставени и до Берзата во Торонто, каде котира компанијата.

- Иако непоколеблив приоритет за компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови компанијата веќе испрати формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејства доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa. - Еуромакс рисорсис.

За Здрава котлина заканите на Еуромакс за арбитража се смешна манипулација за заплашувње.

- Заканите за покренување на арбитража преку користење на договор за заштита на инвестиции склучен помеѓу Македонија и Швајцарија е смешна манипулација за заплашувње на оние што не се детално запознати со методите на работа на Еуромакс и дека сите треба да знаат дека ова е само најобичен блеф што не држи вода.“ - велат од „Здрава котлина“.

Од СДСМ пак остануваат на ставот дека интересите на граѓаните, остануваат врвен приоритет за Владата, поради што како што велат од партијата СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници.

- СДСМ и денес, но и од првиот ден е против отворање рудници во еден од најплодните делови на нашата држава.ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, се всушности оние кои ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници. - изјави Снежана Калевска Ванчева-СДСМ.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека да беа СДС и ДУИ против отворањето на рудник во Иловица немаше да одлучуваат на седница на влада како на Дестани да му овозможат да го отвори. Ова што го гледаме сега потенцираат од опозицијата е обид за перење.

- СДС треба да одговорат како после влегувањето на Дестани во Еуромакс Ресурсис се возобнови идејата за рудникот во Иловица? Колку милиони евра се подготвени да дадат овој пат? Зошто ги исполнуваат бизнис мечтите на нивниот газда во Владата? Народот ги чека овие одговори. - одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова прашање за Рудникот Иловица Штука се актуелизираше во јавноста по Одлуката за спојување на двете концесии за рудникот. Одлуката откако владата ја донесе, а дел од министрите се пожалија дека биле изиграни, самта си ја повлече. За ова прашање екологистите и локалното население водеа долгогодишни битки со државата за Струмичката котлина да ја спасат од еколошка катастрофа.