Еурофарм поразен во Данска во првото коло на Европската лига
Foto

Еурофарм поразен во Данска во првото коло на Европската лига

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер загуби од данскиот вицешампион ГОГ Гудме со 30-29 (14-14) во првото коло од групата „Д“ на Европската лига.

Битолчани иако имаа водство од два гола на неколку минути пред крајот,сепак домаќините направија пресврт во финишот и дојдоа до цел плен.

Битолчани во финишот пропуштија напад за реми, откако голманот Халгримсон успеа да го одбрани ударот на Мараш.

Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 11 и Кушан со осум гола.

Кај ГОГ, Јакобсен погоди 9 пати, додека Питник постигна 7 гола.

0 Коментари

Остави коментари