Еурофарм Пелистер утревечер го пречекува Динамо Б. во ЛШ
Битолскиот тим го игра најважниот натпревар во елитната сезона со оглед на тоа дека им е потребна победа ако сакаат да останат во игра за место во осминафиналето... Домашниот терен и поддршката од навивачите е она што им дава надеж дека може да стигнат до позитивен резултат на овој натпревар...
„Динамо Букурешт е одличен тим и има врвни ракометари на сите позиции и ги води одличен тренер како Давид Дејвис. Играме дома и знаеме дека сме многу силен тим кога играме во Битола. Ја имаме и поддршката од нашите навивачи, која е многу важна за нас и со која создаваме убава енергија. Мора да бидеме во натпреварот од првата секунда и да играме добар ракомет затоа што ќе биде тешко меч за нас, кој истовремено е и многу важен. Но верувам дека имаме сила и можност да бидеме успешни.“ - Раул Алонсо, тренер на Еурофарм Пелистер.

