Еурофарм Пелистер и Вардар се финалисти на „Струшкиот ракометен турнир“
Foto

Еурофарм Пелистер и Вардар се финалисти на „Струшкиот ракометен турнир“

Еурофарм Пелистер и Вардар ќе играат во финалето на 49. издание на Струшкиот ракометен турнир, откако синоќа битолчани го совладаа повеќе од убедливо тимот на Тиквеш со 38:21 (20:9), додека Вардар беше поуспешен од Бутел со 25:24 и си обезбеди место во финалето.

Вардарци вечерва ќе бараат „одмазда“ за високиот пораз од Еурофарм Пелистер во финалето од македонскиот Суперкуп, пред некој ден.

Почетокот на финалето е закажано за вечерва во 21.15 часот.

Во борбата за третото место (19.15 часот) ќе се борат поразените во синоќешните дуели, екипите на Тиквеш и Бутел.

Прв денешен дуел (почеток 17.15 часот) за избегнување на последното место ќе биде натпреварот меѓу домаќинот Струга и тимот на Металург.

0 Коментари

Остави коментари