Еурофарм Пелистер ги почнува настапите во Европската лига

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер ја почнуваат сезоната 2026/27 во ЕХФ Европската лига. Противник на битолчани ќе биде Ла Риоха од Шпанија.

На овој натпревар деби на меѓународната сцена како предводник на битолските „зелено-бели“ ќе биде легендарниот ракометен стручњак Лино Червар.

- Нè поставија како фаворити пред Гумерсбах и Логроњо Ла Риоха, а тоа е малку преамбициозно. Но, тоа за нас нема никакво значење. Мораме добро да се подготвиме. Многу го ценам шпанскиот ракомет. Ла Риоха е клуб против кој веќе сум играл и има голема традиција. Нè чека напорна работа. Играчите мора да бидат подготвени, а и ние, со многу енергија и ментална сила. Посебно важна е нашата одбрана. Кога некој игра добра одбрана, тогаш има голема шанса да победи на натпреварот. Ова е наш прв натпревар оваа година во Европската лига, а луѓето очекуваат многу од нас. Многу сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам многу публика. Навивачите се многу поврзани со нашиот клуб. Ниту еден успех на Пелистер не би бил можен без публиката. Публиката е нашата сила, наш играч повеќе. Но, ние тоа мора да го оправдаме. Мора да покажеме голема енергија, желба за победа — тоа е исклучително важно. Страста за победа дава дополнителна енергија. Затоа јас верувам во мојот тим, верувам во Еурофарм Пелистер, затоа сум тука, изјави Червар во пресрет на мечот.

Натпреварот ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 20:45 часот.