ЕУРО2020: Швајцарија и Велс поделија по бод
Foto

ЕУРО2020: Швајцарија и Велс поделија по бод

Репрезентациите на Швајцарија и Велс одиграа попладнево во Баку нерешено 1:1 (0:0) во вториот натпревар од воведното коло во групата А на Европското фудбалско првенство.

По неколку пропуштени шанси за гол во првото полувреме преку Харис Сеферовиќ и Фабијан Шар, Швајцарците поведоа во 49 минута со голот на напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Брел Емболо.

Швајцарија продолжи да доминира во натпреварот, но непрецизноста пред противничкиот гол скапо ја плати во 74 минута, кога анемичниот Велс го израмни резултат преку Кифер Мур.

На четири минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, Марио Гаврановиќ биеше прецизно, но голот на Швајцарците беше поништен поради офсајд по консултација со ВАР собата во Нион.

Во првиот натпревар од А групата, Италија вчера на отворањето на ЕУРО2020 ја совлада Турција со 3:0.

Во 2 коло кое е на програмата на 16 јуни, Турција и Велс ќе играат во Баку, додека Италија во Рим е домаќин на Швајцарија.

0 Коментари

Остави коментари