ЕУРО 2020: Швајцарија ја елиминира Турција за осминафиналето со 3-1
Foto

ЕУРО 2020: Швајцарија ја елиминира Турција за осминафиналето со 3-1

Швајцарија и Турција се соочија на олимискиот стадион во Баку. Харис Сефереовиќ на самиот почеток во 6-тата минута ја затресе мрежата на Турција. Швајцарците ја имаа целосната контрола и поседот на топката одошто турската репрезентација. Швајцарците го зголемија водството со голот на Џердан Шаќири во 26-тата минута кој од 1 метри шутираше директно кон голот на Чакир кој беше немоќен да го спречи.

Шакири имаше можност по трет пат да ја застресе турската мрежа, но со интернвенција на Чакир, успеа да ја испрати топката само крај голот. Не им поаѓаше од рака на турците да се доближат до мрежата на Зомер. Швајцарците чекаа добра шанса и за трет гол, добро поставени. ред самиот крај на првото полувреме, Турција ja имаше најзрелата шанса преку Мулдур со соло пробив, но не успеа да го помине Сомер.

Во второто полувреме, швајцарците ја потврдија супериорноста, а Турција како веќе да беше свесна дека не оди понатаму. Ирфан Канкавечи конечно успеа со силен шут во 62-тата минута да ја упати топката во мрежата и на швајцарците им зададе мака да мора да постигнат уште еден гол. И тоа и се случи откако се испразни турската одбрана, па незапирливот Шаќири во 68-тата минута ја запечати судбината на Турција. Џака беше решен сам против сите да го намали резултатот, но не можеше сам против противниците. Истата можнст ја имаше и Ундер кој биеше над голот. И со четири измени во тимот, Туција не успеа да обезбеди виза за осминафиналето. Мулдур беше најефикасен кај турскиот тим со четири директни шуат кон голот, кои Зомер му ги одбрани.

0 Коментари

Остави коментари