ЕУРО 2020: Португалија и Франција одиграа нерешено и одат во осминафиналето
Foto

ЕУРО 2020: Португалија и Франција одиграа нерешено и одат во осминафиналето

На стадионот Ференц Пушкаш во Будимпешта Португалија се соочи со Франција во т.н. „група на смртта“. Франција имаше голема шанса за водство преку Мбапе кој биеше на голот, но Ру Патрицио мајсторски со раце го одбрани ударот. Дури и да постигнеше гол, ќе се проверуваше тоа во вар собата, бидејќи Мбапе беше во недозволена позиција. Француските фудбалери беа добро поставени во одбраната.

Добро покриваа и португалците и не им оставаа можност на французите за комбинаторика. Во 28-та минута, Переира изнуди пенал кој успешно го реализира Кристијано Роналдо. Лорис сакајќи да ја избоксува топката го удири во главата Переира и судијата досуди пенал за португалците и жолт картон за голманот.

Франција доби пенал кога Мбапе трчаше во шеснаесетникот, а на него налета Силва и го собори во еден спорен контакт со раката. За судијата немаше дилема, досуди пенал и по консултацијата со вар собата се увери од одлуката и покажа на белата точка. Напаѓачот Бензема со сигурен шут израмнува на 1-1.

Второто полуврме, двајцата селектори го почнаа веднаш со замена. Во 47-та минута, Карим Бензема на самиот старт постигна гол, но судијата крена заменце за недозволена позиција на коленото и го поништи голот. Но, вар собата мислеше поинаку, голот е регуларен и Франција води со 2-1. Актуелниот европски шампион влезе во најцрното сценарио. И повторно, во 58-та минута, Португалија добива пенал за недозволено играње на рака од Кунде и Кристијано Роналдо во 60-тата минута повторно сигурен од белата точка за израмнување. Руј Патрицио маестрално одбрани два удари на Погба кон голот по додавањето од Гризман.

На средината на полувремето, спласна играта. Двата тима сигурно дека овој резултат им одговара на обата тимови за понатамошен пласман во осминафиналето. Гризман шутирташе високо над голот и потоа беше заменет со Сисоко. Од португалците излезе Санчез, а влезе Оливиера.

Пред самиот крај во дополнителното време, повторно спорна ситуација и проверка за можен пенал, но го немаше. Франција во осминафиналето ќе ја пречека Швајцарија во Букурешт, а Португалија ќе се соочи со Белгија во Севиља.

Роналдо го постигна 109-от гол за репрезентацијата, и со тоа се изедначи на претходниот рекордер, иранскиот великан Али Даеи. Благодарение на вечерашните два гола, Роналдо е најдобар европски стрелец на сите турнири со 21 погодок, а сега го престигна легендарниот Германец Мирослав Клосе. Роналдо има постигнато 109 голови на 177 натпревари.

0 Коментари

Остави коментари