ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Србија и повикува на деескалација пред протестот на 15 март
Во пресрет на најавениот голем митинг во Белград на 15 март, за кој претседателот на Србија Вучиќ предвидува „големо насилство“ и најавува апсења, Европската Унија порача дека темелните вредности „се во сржта на заедничкиот европски проект и треба да се почитуваат“.
Ова важи и за слободата на собирање како основно право“, велат од ЕУ и додаваат дека учеството на граѓаните игра витална улога во развојот на здраво и демократско општество, вклучително и промовирање на транспарентност и одговорност. Демонстрантите во Србија ги прават последните подготовки за најавениот протест.

