ЕУ вели дека истекувањата од руските гасоводи се резултат на саботажа, но не ја обвини Русија
Европската унија верува дека истекувањето од двата подморски гасоводи Русија-Германија оваа недела „не се случајност“ и има индикации дека тие биле „намерен чин“, изјави денеска шефот за надворешна политика на Унијата Жозеп Борел и иако официјален Брисел не посочи прст кон никого, Борел повика на итна истрага за случајот.
- Намерното нарушување на европската енергетска инфраструктура е целосно неприфатливо и ќе наиде на силен и обединет одговор. - изјави Жозеп Борел, Висок претставник за надворешна политика и ебзбедност на ЕУ.
Полскиот премиер Матеуш Моравиецки пак укажа на руска вмешаност.
- Јасно е дека станува збор за саботажа која најверојатно ја навестува следната фаза на ескалацијата на ситуацијата околу Украина. - изјави Моравиецки.
Од друга страна и официјална Москва укажа дека прекинувањето на гасоводите не е случајно и дека исто така мислат дека се работи за саботажа. И додека германски Шпигел објави дека американските разузнавачи уште летово ја предупредиле Германија за можни напади на Северен тек, актуелна станува изјава на американскиот претседател Џо Бајден од Февруари годинава пред руската инвазија.
Денеска се огласи и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел која порачува дека нукларните заканите на Путин треба сериозно да се сфатат. Сега после завршувањето на референдумите во четири украински региони почнува официјалната процедура за нивно анектирање од страна на Русија бидејќи оние кои гласале речиси стопроцентно се изјасниле за присоединување кон Москва.

