ЕУ со позитивна оцена за локалните избори 

Европската Унија го поздравува тоа што локалните избори во Македонија беа конкурентни и што основните слободи беа во голема мера почитувани, иако тие се одржаа во високо поларизиран политички амбиент и со некои процедурални недостатоци. 

ЕУ ја охрабрува земјата да ги адресира сите препораки на Канцеларија за демократски институции и човекови права, вклучително и за измена на Изборниот законик.