ЕУ со милионска поддршка за нов стандард во студентските домови

Европски пари за нов изглед и нов стандард во студентските домови. Дотраените објекти низ земјава се реконструираат од темел, со фокус на подобри услови за студентите и значително помала потрошувачка на енергија. Вкупната инвестиција е тешка 85,56 милиони евра, од кои 21 милион се европски грантови преку WBIF, а проектот ќе се реализира до декември 2031 година.

„Ова е Зелената агенда во својата нај опиплива форма и дел од патот на Северна Македонија кон Европската Унија“, порача Стефано Елеро, шеф на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Македонија.