ЕУ со донација за зголемување на оперативноста на македонската царина и борба со организиран криминал

Со нови возила и опрема во вредност од 4 милиони евра, Царинската управа ќе се бори против организираниот криминал.

Станува збор за 26 специјализирани возила финансирани од ЕУ, како и форензичка и ИТ-опрема на Царинската управа кои денеска беа презентираани на граничниот терминал Табановце.

Првиот човек на царина Бобан Николовски - посочи дека модернизацијата на царинската управа освен поголема контрола на граничните премини, ќе овозможи и олеснување и големи придобивки на легалната трговија.  

Проектите финансирани од ЕУ имплементирани во корист на Царинската управа изнесуваат 25 милиони евра.

Листата на проекти, која го вклучува и царинскиот терминал на граничниот премин Табановце, е дел од барањата за пристапување за усогласување со Царинската унија на ЕУ како единствена трговска зона.  

21 возило ќе добие мобилната единица на царинската управа, 5 возила ќе бидат наменет за специјлната единица К-9. ИТ опремата е поврзана со надградената серверска просторија во главното седиште на царината, додека софтверот поставува нов унифициран систем на корисници за управување со економските оператори во земјата.

Целта како што посочи евроамбасадорот Рокас е да се зајакнат капацитетите на царината за борба против организираниот криминал што влијае на трговијата и синџирите на снабдување.