ЕУ предвидува 3,7 проценти економски раст во Македонија
Foto

ЕУ предвидува 3,7 проценти економски раст во Македонија

Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината.Очекувањата се дека следната година растот на економијата би бил 3,8 проценти.

Закрепнувањето, според ЕУ ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст.

Овие прогнози се нешто пониски од оние што ги презентираше Народната банка, според која, растот на бруто-домашниот производ годинава ќе биде 3,9 проценти и исто толкав ќе биде и следната година, а во 2023-та веќе ќе биде 4 проценти.

0 Коментари

Остави коментари