ЕУ подготвена да и помогне на Албанија по земјотресот
Foto

ЕУ подготвена да и помогне на Албанија по земјотресот

Европската Унија и стои на располагање на Албанија по земјотресот кој ја погоди земјата рано изутринава, соопштија службите за надворешни работи на ЕУ.

Европската Унија изразува сочувство за изгубените животи и повредените лица.

-Европската Унија е солидарна со Албанија и подготвена да понуди асистенција, вклучително преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Нашиот центар за координација на итната помош е во постојан контакт со властите за цивилна заштита на Албанија, информираат од прес службата.

Европската Унија и останува на располагање на албанската влада за да се идентификуваат најдобрите начини на кои може да се помогне на терен.

Албанија рано изутринава беше погодена од силен земјотрес, најмалку три лица загинаа, и стотици се повредени, според првичните медиумски извештаи.

0 Коментари

Остави коментари