ЕУ: Нуклеарната закана на Путин е реална

Втор ден по ред се одржуваат референдумите за приклучување на окупираните делови на Украина кон Русија и покрај силнотои противење на меѓинародната заедница. Граѓаните влегуваат во гласачките центри за да гласаат во проѕирни кутии. Референдуми за припојување кон Русија се одржуваат во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје – сите во југоисточна Украина. 

-Ова е ден за славање, толку долго го чекавме и конечно се случи. - Ја носам оваа одлука денеска со  Украински пасош -Ова е многу добро, ќе биде добро за сите нас во Украина да и се приклучиме на Русија - Анкета.

 Украинските власти  тврдат дека вооружени со митралези, рсуките војници одат од врата до врата во и ги принудуваат граѓаните да гласаат на таканаречените референдуми. Според нив на луѓето им е забрането да ги напуштат четирите региони каде што се одржува референдумот до завршувањето на петдневното гласање. Украинскиот претседател Володомир Зеленски  го повика светот „да ги осуди псевдореферендумите“.

- Светот ќе реагира апсолутно праведно на псевдореферендумите – тие ќе бидат недвосмислено осудени“. „Тоа не е само злосторство против меѓународното право и украинското право, тоа е злосторство против еден наро. - Володомир Зеленски- претседател на Украина.

Во Вашингтон, американскиот претседател Џо Бајден го осуди чинот и предупреди на нови санкции против Москва. Бајден рече дека руските референдуми се измама. НАТО пак се закани дека ќе ја засили помошта на Киев како одговор на руските референдуми. Во меѓувреме Руските сили денеска извршија нови напади врз украински градови додека продолжува гласањето на „референдумите“ погодени се области во Украина каде биле оштетени станбени згради и цивилна инфраструктура. Апелите да се свати сериозно заканата на Путин не запираат, Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во интервју  изјави дека војната достигнала „опасна точка“. 

- Секако e закана, ова е опасен момент бидејќи руската армија е притисната во ќош, а реакцијата на Путин – заканата за употреба на нуклеарно оружје – е многу лоша“. - Жозеп Борел - Жозеп Борел - висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.

Во обраќањето до нацијата претходно оваа недела, Путин рече дека неговата земја има „различно разорно оружје“ и оти „ќе ги искористи сите расположливи средства што и се на располагање“, додавајќи дека „тоа не е блеф“.