ЕУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИ ОД ПРОШИРУВАЊЕТО
Foto

ЕУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШИ ОД ПРОШИРУВАЊЕТО

Политиката за проширување на ЕУ на Финска како земја претседавач е јасна. Проширувањето е добро за безбедноста на унијата а Р. С.Македонија и Албанија се дел од таа европска иднина но реформските процеси во правосудството , борбата против криминалот и корупцијата и трговијата со луѓе и оружје и натаму мора да продолжат порача министерката за внатрешни работи на Финска Марија Охисао на министерскиот Форум на ЕУ Западен Балкан кој се одржа во Скопје. Еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос пак на пресконференцијата по завршувањето на фоумот изнесувајќи ги заклучоците им порача на европските партнери кои се двоумат околу проширувањето , дека треба да се плашат дека може ќе ги загубат регионалните партнери конкретно говорејќи за Македонија и Албанија .

Дека борбата против криминалот и корупцијата но и справувањето со бегалската криза и натаму ќе биде меѓу клучните приоритети на министерството за внатрешни работи на земјава порача и ресорниот министер Оливер Спасивски. Вели ова се заеднички предизвици и за ЕУ но и за земјиве од регионот кои се стремат да станат идни членки .

Во врска пак со мигрантите и помошта која земјата ја добива еврокомесарот за миграции Аврамопулос информираше дека соработката и натаму ќе продолжи но за сега пак владата кај нас не иницирала барање за формирање на нови транзитни центри. Веќе се дискутирало за усогласување на нова стратегија и соработка околу сите останати прашањата поврзани со мигрантите.

0 Коментари

Остави коментари