ЕУ му возврати на Трамп со контра-царини во вредност од 26 милијарди евра
Европската унија го возвраќа ударот...Бродови, мотоцикли, но и бурбон, фармерки, путер од кикиритки, се дел од производите опфатени со контрамерките кои ќе ги воведе Европската Унија..Реакцијата на Брисел следува откако денеска стапија на сила царините од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум , кои Доналд Трамп ги воведе кон унијата.. Царините за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра е прва реакција на ЕУ во трговската војна меѓу двете страни, која почна кратко откако Трамп ја презеде функцијата...Контрамерките ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1 април а целосно ќе стапат во сила од 13 истиот месец..
Урсула вон дер Лајен – претседател на Европска Комисија: „Тарифите се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. Овие тарифи ги нарушуваат синџирите на снабдување. Тие носат неизвесност за економијата. Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Контра-мерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. “
Набрзо откако ја презеде претседателската функција, Доналд Трамп нареди зголемување на царините за голем број производи...Први на удар се најдоа соседите Канада и Мексико а потоа на ред дојдоа и Кина и Европската Унија..Вчера најави двојно зголемување на тарифите за челик и алуминиум кои доаѓаат од Канада од 25% на 50% ...Но по реакцијата на провинциската влада на Онтарио и најавите дека ќе им ја зголемат цената на струјата која им ја испорачуваат, Трамп ја промени одлуката...
Доналд Трамп – претседател на САД: „Размислуваме за тоа. Веројатно ќе ги повлечеме.“
Со новите мерки опфатена е и Австралија...За премиер Ентони Албанез американските царини се неоправдани, но најави дека владата нема да возврати ..За разлика од нив, Јужна Кореја најави дека ќе одговори за да ги заштити интересите на корејските компании ..Реципрочни мерки како одговор на американските царини, најави и Кина...
Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи: „ Акцијата на САД сериозно ги крши прописите на Светската трговска организација и сериозно му штети на мултилатералниот трговски систем.“
Зголемената загриженост за царините и потенцијалот за рецесија во најголемата светска економија придонесе за песимистичка перспектива кај инвеститорите. .. По надолниот тренд на Волстрит во текот на ноќта, силен пад денеска забележаа и Азиските пазари .