ЕУ ја објави динамиката за трошење на парите од фондот за обнова на Западен Балкан-услов се реформите

Шест милијарди евра за реформи за удвојување на економиите на земјите од регионот...Преку планот за раст, државите од западен балкан добиваат финансии кои треба да овозможи поврзаност но и поддршка на реформите.. Од шест милијарди евра, на Македонија на располагање ќе и бидат речиси 860 милиони ... Но, за да се стигне до овие пари ќе треба да се спроведат реформи во објастите каде има и наголеми критики од западот како, корупцијата, сутството, јавната администрација.

Јан Копман - генералниот директор на директоратот за проширување

Планот за раст предвидува три нешта – отстранување на пречките и интегрирање на заедничкиот пазар на ЕУ, со помагање на интегрирање на пазарите од регионот со реформи и инвестиции, поддржани со фонд од шест милијарди евра од ЕУ.

И покрај големата сума, за вицепремиерот Бојан Маричиќ , нема страв од можна злоупотреба на средствата, иако трошењето на парите на унијата е под лупа на Европската канцеларија за борба против измами...Од 36 истраги во земјите од Западен Балкан, преку 10 се за Македонија...

Бојан Маричиќ – вицепремиер 27: 46 – 27: 59

„Најдобра гаранција ни е тое дека веќе имаме воспоставено силни механизми кои што спречуваат или контролираат да не дојде, во најголема мера, до корупција во оние проекти кои се финансирани од ЕУ.“

А додека АД Македонски железници тоне во долгови, македонија и србија потпишаа меморандум за брза пруга од скопје до ниш, која треба да биде дел од железничкиот коридор 10...

Ана Брнабиќ – премиер на србија

„Продолжуваме да вложуваме во железничкиот коридор 10 со модернизација на пругата од Белград до Ниш. Нашииот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме меморандумот. “

Во првата фаза на македонска територија треба да бидат изградени 50 километри, а целта е коридорот 10 да продолжи до солун и атина...Брзината на пругата ќе биде најмалку 160 километри на час...

Димитар Ковачевски – премиер на македонија

„Нашите Влади се силно ориентирани да го подигнат економскиот и социјалниот стандард на граѓаните, а на бизнис заедницата да и овозможат квалитетно и ефикасно да работат во однос на извршување на своите деловни планови и да ги реализира во разумен рок. “

Од ВМРО ДПМНЕ со совет до Ковачевски, врати се во Македонија бидејќи потпишуваш меморандуми за брзи пруги, а дома нема еден функционален воз...

ВМРО ДПМНЕ

„Се моли Димитар Ковачевски да се врати во Македонија за да не ја брука државата на отворена сцена. Ковачевски потпишува меморандуми за брза пруга, а дома нема еден функционален воз кој му се сообраќа во Македонија.“

Инаку, Македонската железница со години е соочена со финансиски долгови и инфраструктурни проблеми ...Железничката линија Гевгелија-Велес ќе биде во прекин неколку месеци.. Патниците останаа и само со еден воз до Битола а веќе со години нема возови до Кичево и Кочани..Пред десетина дена, за да ја спаси АД Железници Транспорт од банкрот, владата купи акции вредни 15,6 милини евра...

Проблеми има и кај изградбата на автопатите... после една деценија, вложени се 600 милиони евра, се уште нема пуштен во употреба ниту еден метар од автопатот Кичево - Охрид...Веќе неколку години се најавува и делница од 2 километри кон Косово.. Единствено нешто завршено од автопатот е промотивното видео како тој би изгледал...