ЕУ ја менува стратегијата за справување со Ковид 19
Foto

ЕУ ја менува стратегијата за справување со Ковид 19

Ковид 19 ќе биде нешто со што мора да се навикнеме да живееме - европските земји бараат начин да ја менуваат стратегијата за справување со пандемијата и да го третираат вирусот како нужно секојдневие.

Велика Британија најави дека  на 26 јануари ќе ги укине сите рестрикции воведени по појавата на сојот омикрон, со што ќе стане најотворената држава во Европа. Британскиот министер за здравство Саџид Џавид, во момент кога земјата се подготвува да ги укине повеќето ограничувачки мерки порача, болеста може да остане меѓу нас засекогаш.

- Мораме да научиме да живееме со ковид. За жал, луѓето умираат и од грип. Во тешка година со грип, за жал може да изгубите околу 20.000 животи, но затоа не ја затвораме целата земја. - изјави Саџид Џавид – министер за здравство на Велика Британија.

Слични чекори најавуваат и Шпанија и Португалија. Шпанија планира да се префрли од кризен во контролен режим, справувајќи се со коронавирусот како со грип или сипаници. Во Португалија, која ја има една од највисоките стапки на вакцинирање во Европа, претседателот Де Соуса за нова година објави дека земјата ќе влезе во ендемиска фаза, иако бројот на новозаразени сè уште е доста голем.

На Балканот во последните 24 часа раст на бројките. Во Словенија се потврдени 10.288 нови заразени,во Србија повеќе од 17 илјади а и  Хрватска урива рекорди по дневниот број на заразени – во последното деноноќие има над 11 илјади нови случаи. Кипар пак ја намалува од 180 на 90 дена валидноста на потврдата за прележан ковид 19, а одлуката на владата стапува во сила на 31 јануар.

0 Коментари

Остави коментари