ЕУ и ЕБОР ја помагаат изградбата на 10 км пат на рутата Скопје-Блаце кон Косово
За четири години треба да биде готов автопатот Скопје–Блаце, проект е вреден скоро 200 милиони евра.Почетокот на градбата се очекува во август, а според договорот, рокот за изградба е околу 4 години. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, информираше дека веќе се избрани консултант и изведувач, додека постапката за надзор е во фаза на евалуација.
Премиерот Христијан Мицкоски обвини дека автопатот Скопје – Блаце со години бил симбол на неисполнети ветувања и дека речиси секоја влада го ветувала.
Шефот на Канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Фатих Туркменоглу рече дека Ова е одличен проект за земјата затоа што ја подобрува регионалната поврзаност, особено со Косово, а го поддржува економскиот раст.
Евроамабасадорот Михалис Рокас кажа дека ова е долгорочна инвестиција, а проектот ги исполнува стандардите на ЕУ.
Парите за грантот се од рамката за инвестиции на Европската Унија за Западен Балкан. Проектот вреден речиси 200 милиони евра предвидува пет тунели, девет мостови и рок за изградба од четири години.

