ЕУ донира опрема за унапредување на пристапот кон вакцините против Ковид-19

ЕУ донира опрема наменета за унапредување на достапноста и пристапот до вакцините против Ковид-19 во вакциналните пунктови низ државата. 

Опремата содржи четири возила со товарен дел, со ладење при транспортот и испораката на вакцините. Нејзината вредност е шест милиони денари. Набавени се вкупно 35 биомедицински набавувачи со ултра ниска температура на ладење од минус десет до минус шеесет степени Целзиусови. 

Во процедура за набавка е и дополнителна опрема што ќе биде обезбедена до крајот на оваа година, со средства од истиот грант.