Естонија го ратификува Протоколот за НАТО
Foto

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

Естонија го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Естонскиот парламент едногласно без ниеден глас против вчера даде зелено светло за приклучувањето на земјава во Северноатлантската алијанса.

Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори и германскиот Бундестаг.

Постапката за ратификација вчера почна и во Сенатот на САД. За потребата од пристапување на Северна Македонија во НАТО пред сенатската Комисија за надворешни работи говореа помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

Со ратификацијата на Протоколот од 29-те земји сојузници во Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.

0 Коментари

Остави коментари