ЕСМ утре ќе соопшти која е фирмата победник на тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола
Foto

ЕСМ утре ќе соопшти која е фирмата победник на тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола

Енергетските компании утре на состанок во РЕК Битола ќе дискутираат за актуелната состојбата во енергетиката и планот за 2022. ЕСМ се уште ja формира цената по која компанијата ќе ја продаде својата струја на унивезралниот снабдувач. 

„АД ЕСМ го подготвува планот за производство за 2022 година. Планот потоа ќе се достави на разгледување до Владата, каде на затворена седница треба да се донесе одлука за процентот на електрична енергија кој ЕСМ треба да го обезбеди кон ЕВН Хоме  и цената по која истата ќе се понуди.“ - велат од ЕСМ.

Во меѓувреме се чека и одлука на ЕСМ - која ќе биде фирмата победник на тендерот за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола. Се уште е неизвесно колкава количина јаглен ќе се увезува, но и по која сума. Според инфомациите на ТВ24 од ЕСМ велат одлуката најавено ќе се објави во текот на утрешниот ден. 

На јавниот повик понуди доставија девет компании, дел се домашни фирми кои понудиле јаглен од два домашни рудници, а понуди доставиле и фирми од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција. 

Според директорот на ЕСМ до крајот на годината се планира да заврши и санацијата на третиот блок во РЕК - кој пред околу еден месец беше зафатен од пожар. Веќе следната година блокот се очекува да биде ставен во погон. 

Надлежните спасот од енергетската криза го гледаат во активирање на сите домашни капацитети - од 1 декември според најавите ќе стартува со работа и ТЕЦ Осломеј – за чии потреби се набавија 130 илјади тони јаглен. Од ЕСМ велат деновиве ќе започне испораката на јагленот.   

Околу најавеното рестартирање на ТЕЦ Неготино и набавката на мазут засега нема официјални информации.

На 9-ти месецов Владата на барање на министерството за економија прогласи кризна енергетска состојба во траење од 30 дена. Рестрикции за домаќинствата нема – на енергетските компании им се вбризгаа финансиски средства со цел да се стабилизира сосотојбата на пазарот на електрична енергија.

0 Коментари

Остави коментари