ЕСМ: Поради топлото време повеќето од потрошувачите ќе добијат пониски порамнителни фактури за греење
Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури.
Поради тоа најголем дел од потрошувачите оваа грејна сезона ќе добијат пониски порамнителни фактури споредено со авансните - велат од ЕСМ Снабдување со топлина.
Сепак, висината на порамнителните фактури е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и од количината на испорачана топлинска енергија до објектот.