ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН Хоум
62 евра за мегават час. Ова е цената која државната ЕСМ ја понуди на тендерот на ЕВН Хоум, дознава Телевизија 24. Оваа цена е за три евра повисока од цената по која во моментов државните електрани му ја продаваат на универзалниот снабдувач. Според пресметките оваа цена е за 3,3 отсто повисока од сегашните 60 евра за мегават час електрична енергија. Според информациите, понудата на ЕСМ има најголемо влијание врз формирањето на крајната цена за домаќинствата и малите фирми.