ЕСМ: Нов оглас за РЕК Битола, за Осломеј ќе се избира најповолната понуда
Foto

ЕСМ: Нов оглас за РЕК Битола, за Осломеј ќе се избира најповолната понуда

На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавиле 9 економски оператори кои дале 5 понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј, соопштија денеска од електрани на Македонија.

За РЕК Осломеј понудите ги исполниле барањата, за РЕК Битола не се нудат доволни количини на јаглен, па во најкус рок повторно ќе се објави повик.

Инаку на повикот пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, и рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

0 Коментари

Остави коментари