ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите

ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија попладнево соопшти дека за најголем дел од потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда е нормализирано снабдувањето со топлина.  

Неколкучасовниот прекин на топлинска енергија, според ЕСМ се должел на експлозија во системот за централно греење на зграда во Скопје.