ЕСМ: Набавени се 3.940 mwh електрична енергија за болници, градинки училишта

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.940 mwh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата, информираат од ЕСМ. 

Министерството за правда, пак следејќи ги препораките на Владата за намалување на потрошувачката за електрична и топлинска енергија има направено заштеда од 25% електрична енергија во месец октомври споредено со истиот месец минатата година, со цел, како што стои во соопштението, рационално користење и штедење на електрична енергија. Од правда информираат и дека дадени се препораки до сите вработени да ги почитуваат мерките, да бидат внимателни и да ги зголемат напорите за штедење во периодот што следува.