ЕСМ: Јаглен од Албанија за РЕК Битола, продолжува отворен повик во текот на целата грејна сезона
Foto

ЕСМ: Јаглен од Албанија за РЕК Битола, продолжува отворен повик во текот на целата грејна сезона

ЕСМ обезбеди само 90 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола - за останатите количини ќе има нов јавен повик. По неколку неделна евалуација на понудите државната компанија деновиве ќе потпише договор за набавка на јаглен од Албанија. 

„Од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во земјава и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација. На новиот јавен повик кој ќе биде отворен цела грајна сезона ЕСМ треба да обезбеди уште 810 илјади тони за РЕК Битола и 170 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј.“ - велат од ЕСМ.

Од државната компанија нагласуваат дека засилен е ископот и на сопствен јаглен и во моменот на депонијата во РЕК има 200 илјади тони јаглен – со што  велат се осигура производството на струја во текот на зимската сезона. А набрзо очекуваат да заврши и санацијата на третиот блок - веќе од следната година истиот да биде пуштен во погон. 

Деновиве истекува и тендерот на ЕВН за набавка на струја за домаќинствата - ЕСМ се уште нема понуда. Од компнијата и денеска повторуваат се работи на планот за производство за 2022-та, и формирањето на цената. 

Во меѓувреме на адреса на МЕПСО и натаму се чека да стигне фактурата за ненајвеното преземање струја од европската мрежа. Првиот човек на државната енергетска компнија, Куштрим Рамадани за ТВ24 вели според нивни пресметки ќе треба да се платат околу 17 милиони евра, но сепак вели ќе почекаат оваа или идната недела да стигне и официјално фактурата. 

Владата со цел да им финансиски да им помогне на енергертските компании, на 9ти месецов прогласи 30 дневна кризна енергетска состојба.

0 Коментари

Остави коментари