Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово: Ратраците не се диви туку управувани од нашиот тим како еден легитимен оператор
Во врска со настанот се огласија и од „Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово“ од каде информациите за таканаречените диви ратраци ги карактеризираат како неточни манипулативни и штетни со сериозни последици врз угледот на туристичката дестинација, професијата и професионалниот тим на еден легитимен оператор.
Во соопштението од „Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово“ се наведува дека диви ратраци не постојат и дека тие биле управувани од лица кои се дел од нивниот тим што важел за пионер на првиот туристички производ за слободно скијање со ратраци. Оттаму велат дека во 2018 година истиот производ бил нелегално копиран и до денес се користел од друг оператор на истиот простор нешто што не било дозволено никаде во светот заради заштита од нелојална конкуренција и заради безбедност во просторот на оваа дестинација.
Доколку управувачот на заштитеното подрачје навистина се грижи за угледот на дестинацијата и безбедноста на гостите, не смее да дозволи плагијаторство на најзначајниот туристички производ создаден во Македонија – токму на просторот на Националниот парк, се наведува меѓу другото во соопштението од „Ескимо спорт ДООЕЛ Тетово“.

