Ескалираат тензиите меѓу САД и ЕУ
Доналд Трамп не се откажува од Гренланд. Европа решена да не попушти пред барањата на американскиот претседател.
За европските преставници, последните настани, преставуваат нови можности за континетот...Зборувајќи на Светскиот економски форум, шефицата на Европската Комисија порача дека промените кои се случуваат во светот, отвараат можност за изградба на како што ја нарече, нова форма на европска независност...
Урсула фон дер Лајен – претседателка на Европската Комисија
„Ако оваа промена е трајна, тогаш и Европа мора трајно да се промени. Време е да ја искористиме оваа можност и да изградиме нова, независна Европа.“
Дека има промени во размислувањата во Европа, откри и Белгискиот премиер Барт де Вевер, според кого, последните закани кои доаѓаат од Трамп се пресвртница во односите меѓу САД и ЕУ..
Барт де Вевер - премиер на Белгија
„Европа мора јасно да му стави до знаење на Доналд Трамп дека е доста. Колку повеќе сте попустиви кон него, толку подрзок станува тој. Стигнувате до точка каде што слаткоречивоста е контрапродуктивна. Таа само го охрабрува да оди чекор понатаму. Моето чувство во моментов е дека големо мнозинство лидери сметаат дека е доста. Повеќе нема да го трпиме ова. “
Доналд Трамп пак не остапува од барањето...Пред да замине за Давос, Американскиот претседател уште еднаш повтори дека САД треба да ја преземе контролата врз Гренланд..Трамп ги критикуваше европските лидери за отпорот кој го пружаат и им порача повеќе да се фокусираат на сопствената безбедност и војната меѓу Русија и Украина ...
Доналд Трамп – претседател на САД
„Мораме да го имаме. Тие мора да го прифатат тоа. Не можат да го заштитат. Данска има прекрасни луѓе и ги познавам нивните лидери, но тие не одат таму. Знаете, само затоа што некој брод стигнал таму пред 500 години и потоа си заминал, не им дава право на сопственост.“
Веднаш стигна одговор и од Данска од каде му порачаа дека нема да дозволат да бидат уценети.. А поради судирот со американскиот претседател, данската делегација го откажа учеството на Светскиот Економски Форум...
Ларс Локе Расмусен – министер за надорешни работи на Данска
„Сега е важно ЕУ и сојузниците да се заложат за почитување на територијалниот интегритет и суверенитет, за да му покажат на американскиот претседател дека можеби имате желба и визија, но никогаш нема да можете да го постигнете тоа со притисок врз нас.“
Од НАТО велат дека ќе продолжат да соработува со Данска и Гренланд за безбедноста на Арктикот..По средбата на генералниот секретар на воената алијанса, со данскиот министер за одбрана и министерот за надворешни работи на Гренланд, од НАТО потврдија дека ќе соработуваат со сојузници за сите важни прашања..
Марк Руте – Генерален секретар на НАТО
„Разговаравме колку е важен Арктикот - вклучувајќи го и Гренланд - за нашата колективна безбедност и како Данска ја презема одговорноста за инвестициите во клучните воени капацитети. “
А и покрај пораките на жителите на Гренланд дека не сакаат да бидат дел од САД, Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана објави дека испраќа авиони во базата на американските воздухопловни сили во северозападен дел на островот..

